Живот

Киселата зелка лекува дури девет различни болести

Познато е дека расолницата од кисела зелка е пијалак кој ги лекува сите можни тегоби.

Киселата зелка е богата со калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, како и со помали количества на натриум и со поволен однос помеѓу калциум и фосфор. Таа обезбедува максимално искористување на калциумот во организмот, поради што овој производ е мошне корисен за нашето здравје.

Зелката е една од ретките, ако не и единствен природен продукт каде човекот успал да ги подобри односно да ги зголеми нутритивните својства преку процесот на киселење. Имено, зелката низ процесите на киселење со ферментација создава исклучително активен кобаламин (Витамин Б12) што инаку може да се најде само во производите од животинско потекло. Од таа причина киселата зелка за вегетерјанците е задолжителен прехранбен производ.

Повеќегодишните истражувања потврдуваат дека киселата зелка по количеството на витамин Ц може слободно да се мери со лимонот и портокалот (во 100 грама кисела зелка има 50 грама витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка крие вистинско богатство на пиридиксин (витамин б6), без кој белковините воопшто нема да бидат искористени.

Исто така, киселата зелка е извор на ниацин (витамин Б3), потребен за енергија на ќелиите, за целокупниот метаболизам, како и за размена на материите во мозокот.

Кај нас расолницата е познат пијалак кој се смета дека е лек за сите тегоби поврзани со дигестивниот тракт и како народен лек за намалување на отоците на зглобовите. Сепак, малку е познатио дека сокот од свежа зелка е богат не само со витамин Ц туку и е лековита напивка за широк спектар на болести.

Експериментално е докажано дека со сок од свежа зелка успешно се лекува чир на желудникот и воспаление на дебелото црево. Сокот од свежата зелка ја поттикнува размената на материи во ќелиите и поволно дејствува на слузокожата на цревата.

Измешана со сок од морков и репка, расолницата е одлична напивка за оние што имаат недостаток на калциум. Исто така им се препорачува и на жените во средни години за да се сопре процесот на остеопороза.

Лековити својства:

Киселата зелка не само што има исклучителна нутритивна туку има и лековити својства:

  1. Го подобрува расположението;
  2. Го прави организмот поотпорен на стрес;
  3. Активира размена на материите во мозкот;
  4. Помага при создавање на црвени крвни клетки;
  5. Ја стимулира работата на ќелиите и подмладува;
  6. Помага при изградбата на коските;
  7. Ги регулира и го намалува количеството на масни материи и холестерол во крвта;
  8. Го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулите;
  9. Придонесува за обновување на истрошеното врзувачко ткиво.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button