Избор на уредникотМакедонија

Ажурирана листата на корисници на еднократна помош од 6.000 денари

Ажурираната листа на корисници, потсетуваат, е објавена и поставени се сите категории граѓани кои добиваат еднократна помош од 6.000 денари како мерка од 4-тиот пакет помош во време на пандемија со КОВИД-19. Во тек е процесот на обработка на приговорите. Граѓаните се упатуваат да ја проверуваат веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk на која се ажурираат податоците така како што пристигнуваат од институциите во зависност од категориите на граѓани за кои се надлежни.

Како што потенцираат од Владата, оние граѓани кои се со блокирани сметки, согласно законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка.

„Владата на Република Северна Македонија стори сé да ги ослободи граѓаните од административни процедури со цел средствата да стигнат до сите на кои им се потребни во најбрз можен рок, а средствата да може да се користат за она за што на граѓаните им се најпотребни“, стои во соопштението.

Мерката  е во вредност од 24,6 милиони евра и со неа се поддржуваат ранливите групи на граѓани. Над 280 илјади граѓани на трансакциска сметка треба да добијат еднократната помош во висина од 6.000 денари.

Со оваа мерка, како што информираа од Владата, истовремено се поддржува целокупната домашна економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, а граѓаните средствата може да ги користат во кој било период без рокови и ограничувања.

Поврзани вести

Back to top button