Скандалозен потег на Пошта: Карта на усташка Хрватска на македонска марка, се велича убиството на 800 илјади Срби, Евреи и Роми
За да ѝја искаже својата благодарност на Хрватска за помошта во евроинтеграциите на Македонија, Македонска пошта со серија поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ го одбележува 9 Мај, Денот на Европа. Ама во случајов, со марка за Хрватска, со сосема погрешна карта – карта на „голема Хрватска“.
Дизајнерот на марката, уредниците, директорите очигледно по сеќавање од НДХ време (Независна држава Хрватска, марионетскиот усташки хрватски режим за време на Втора светска војна), ја скицирале мапата на денешна Хрватска.
А тоа, според нашата Пошта, значи дека земјата членка на ЕУ, Хрватска, денеска ги опфаќа и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора.
Независна Држава Хрватска е поранешна марионетска држава на Германија и Италија за време на Втората светска војна. Се наоѓала на поголемиот дел од денешната територија на Хрватска и Босна и Херцеговина како и помали делови од Србија и Словенија.
За време на Втората светска војна, Независната држава Хрватска, НДХ, имаше марионетска влада на нацистичка Германија и беше водена од страна на локални хрватски фашисти познати како усташи.
За време на четиригодишното постоење, усташкиот режим изврши геноцид на хрватските Срби, Роми и Евреи, односно биле убиено 800 илјади лица, претежно Срби, но и голем број на Роми, Евреи и Хрвати кои се спротиставиле на усташкиот режим.