Живот

ВИДЕО: Научниците направија голем чекор во пресадување на глава

Меѓународниот колектив од биолози под раководство на Серџо Канаверо направи голем чекор кон пресадување на глава на човек на донирано тело со успешно сраснување на пресечен ‘рбетен мозок кај стаорец и со проверка на дел од методиката врз мајмуни, се вели во серијата статии прифатени за објавување во списанијатаSurgery и CNS Neuroscience & Therapeutics.На крајот на февруари 2015 година италијанскиот хирург Серџо Канаверо го објави почетокот на амбициозниот проект HEAVEN/AHBR во чии рамки планира да пресади глава на доброволец на тело на донатор со соединување на ‘рбетниот мозок со мозокот со помош на посебна процедура која тој ја нарекува „Протокол GEMINI“.

Денеска Канаверо и неговите колеги соопштија дека успеале да ја реализираат клучната етапа од таа операција – сраснување на мозочното стебло и ‘рбетниот мозок – во експерименти врз стаорци.

Според зборовите на научниците, околу еден месец по повредата на ‘рбетот и неговото сраснување според методот на Канаверо, нервните влакна во ‘рбетот сраснале и животните одново се здобиле со подвижност на екстремитетите. Сите овие операции биле извршени на територијата на Кина каде нема рестрикции за вакви експерименти.

Според зборовите на авторите на публикациите, првите експерименти на човечки тела веќе почнале во Кина и во најскоро време спектарот на истражувања ќе биде забележително проширен.Првата трансплантација ќе биде направена во декември 2017 година,пренесува РИА „Новости“.


ИЗВОР: РУСКА РЕЧ

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button