Избор на уредникотМакедонија

Се затвораат сите гранични премини, лицата кои биле во контакт со докторката немаат никави симптоми (ВИДЕО)

Владата вечерва одлучи да се затворат сите гранични премини во Република Северна Македонија, за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.

Ова вечерва на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

– Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на МЗ, рече Филипче во Владата.

Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, Граничниот премин, освен за државни, воено, карго и  медицински хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука.

Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус сега е 23.

На Инфективната клиника во Скопје хоспитализирани се 14 луѓе.

На новинарско прашање за состојбата на лицата што биле во контакт со директорка на кожната клиника, лекарката Нина Цаца Биљановска, Филипче рече дека околу 200 лица биле во контакт со неа и дека немаат никакви симптоми.

„Сите лица кај кои е дијагностициран вирусот се со лесна и средна клиничка слика, а само една пациентка е на респираторна машина. Сите лица во Дебар на домашно лекување се со лесна клиничка слика и во континуирана комуникација со лекарите“, рече Филипче.

Поврзани вести

Back to top button