Свет

Протекоа снимки од ќелијата на милјардерот педофил: Епстајн не се обесил, го задавиле со голи раце

Докторот Мајкл Бејден тврди дека Џефри Епстајн, милјаредрот и педофил е најверојатно убиен и дека не се обесил во келијата во затворот во Менхетен.

Докторот Бајден бил еден од патолозите кои го прегледале телото на Епстајн.

Тој тврди дека при прегледот воспотавено е дека му испукале капиларите во очите, што укажува дека Епстајн најверојатно е задавен со раце.

Во емисијата на „Доктор Оз“ тој покажа и неколку фотографии од обдукцијата на милјардерот, чија смрт покрена лавина теории на завера бидејќи Епстајн бил блиозк со многу влијателни луѓе, меѓу кои и претседателот на САД, Доналд Трамп, Бил Клинтон и принцот Ендру.

„Многу необично е прво да не биде утврдена приччината за смрт, а потоа да биде заведено како бесење.Испуканите капилари во очите укажуваат на давење, а не на бесење.Ако се работи за бесење, нозете помодруваат, бидејќи крвта се слева во екстремитетите“ рекол тој.

Телото на Епстајн било пронајдено во ќелија на 10 август и по официјалното соопштение тој се обесил на кревет на спрат користејќи чаршав.

Поврзани вести

Back to top button