Македонија

(ФОТО) Мерко и во јадењето мера немал, потрошил околу 169 илјди евра на репрезентации

Според извештајот на Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија, Општина Струга за две години, само за репрезентација, потрошила над 10 милиони денари.

На ова реагираше ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга бидејќи граѓаните на Струга со години не можат да добијат улично осветлување, вода за пиење, неасвалтирани улици.

Каква е оваа иронија, кога во Струга имаме голем број проблеми, како што се: уличното осветлување, загадената вода за пиење, канализациона мрежа во селата, неасфалтирани улици, кучиња-скитници и уште многу други, а над 10 милиони денари се потрошени на репрезентација односно по кафани, ресторани и хотели! Ако овие пари ги вложевте само во еден дел од проблемите со кои се соочувавме, совеста ќе ви беше чиста, ама очигледно парите и моќта ве заслепиле! Упорно одите со глава во ѕид, упорно тонете подлабоко во бездната која секој ден е се подлабока! Зарем немате чувство за соживот, да му помогнете некому, кому му е потребна помош, да вложите во Струга и околните села! Ама на се има крај, ќе дојде и вашиот и тоа многу брзо затоа што народот не заборава и не простува!, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Поврзани вести

Back to top button