ЖивотИзбор на уредникот

Спајдермен, Бетмен и Супермен ги израдуваа дечињата на Детската клиника во Скопје

Црвен крст на град Скопје повторно организираше хуманитарна акција за посета на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести.

Оливер Петрески, Јасин Буши и Саша Цветковски маскирани во костумите на Бетмен, Спајдермен и Супермен велат дека со задоволство прифатиле да бидат дел од овој прекрасен настан, кој барем празнично им го олеснува престојот на децата на Детската клиника.

Тие изведуваа вежби, им подарија новогодишни пакетчиња на болните дечиња и се дружеа со нив, а со ваквата посета успеаја да измамат насмевки на нивните лица.

Во последниве неколку години, овој новогодишен период е резервиран токму за дечињата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести, а веќе втора година успешно се спроведува оваа акција на која се радуваат не само малите, туку и возрасните кои се сведоци на овој хуман и интересен настан.

Поврзани вести

Back to top button