Македонија

Зекири пресмета кој колку пратеници би добил со една Изборна единица

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зеќири со своја преметка за бројот на пратеници Албанци ако се изгласа една Изборна единица, со која му контрира на вицепремиерот, Бујар Османи, кој рече дека со една ИЕ ДУИ би добила два пратника повеќе, а би загубиле Албанците од 8 до 10 пратеника.

„За да се уверат граѓаните дека преставниците на ДУИ по дебати ЛАЖАТ оти Албанците со 1 ИЕ би изгубиле дури 10 пратенички мандати, потребно е само да направат симулација на резултатите од 2016. Да беше тогаш Македонија 1 ИЕ, албанските партии ќе имаа 21 пратеник намесето 20, колку што имаат во моментов.

Односно факт е дека ДУИ ќе имаше 9, а не 10 пратеници колку што има сега, додека трите опозициски албански партии наместо 10 ќе имаа 12 пратеници.

Еве како ќе изгледаа резултатите 2016 доколку Македонија беше 1 ИЕ:

ВМРО ДПМНЕ. 48
СДСМ. 47
ДУИ. 9
Беса. 6
АА. 3
ДПА. 3
ВМРО НАРОДНА. 2
Левица. 1
Трет Блок. 1

П.С: Не манипулирајте со граѓаните: Ако изгуби ДУИ, ПОБЕДУВААТ АЛБАНЦИТЕ!!!, напиша Зекири.

ФБ статус на Мухамед Зекири

Поврзани вести

Back to top button