Uncategorized

Илиевски најави кривична за Инспекцискиот совет зашто не постапил по одлуката на Антикорупциска

Инспекцискиот совет кој е формиран од Владата работи контра Антикорупциската комисија во однос на донесената одлука за поведување дициплинска постапка против главниот просветен инспектор Африм Салиу. Тоа е незаконито, несовесно и непрофесионално работење на претседателката на Советот, Магдалена Филиповска-Грашковска, и на членот во Советот од областа образование, наука и култура, Ќерамедин Селими, изјави вишиот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, најавувајќи кривична пријава за злоупотреба.

Главниот просветен инспектор Салиу на 6 јуни 2019 година заедно со двајца инспектори извршил вонреден инспекциски надзор на Тетовскиот универзитет при што утврдил дека нема законски пропусти во однос на унапредувањата на тројца јавни функционери – министерот за образование Арбер Адеми, заменик-министерот во МВР Агим Нухиу и директорот на Заводот за индустриска сопственост Сафет Емрули.

Антикорупциската побарала од Инспекцискиот совет дисциплинска постапка зашто констатирала судир на интереси кај Салиу, кој согласно со Законот за спечување корупција и Етичкиот кодекс за работа на инспекторите требало да биде изземен од инспекцискиот надзор на ДУТ затоа што неговата ќерка е вработена како асистент на Правниот факултет на тој универзитет.

– Инспекцискиот совет, претседателот и членот воопшто не преземаат чекори за што имале должност. Во повеќе наврати доставив дописи за одговор до каде е дисциплинската постапка, но ми одговараат слаткоречиво дека постапката е во тек. Од јули до ден-денес нема никаква постапка. За вакви чинови во други случаи се поведувале дисциплински постапки и се одземани лиценци на инспектори. Во конкретниов случај Инспекцискиот совет работи дискриминаторски и затоа ќе бидам принуден да покренам и кривична пријава за злоупотреба од овие главни личности во Советот, рече Илиевски.

Тој додаде и дека не само што нема дисциплинска за Африм Салиу, туку е и награден од директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски со овластување покрај главен инспектор да биде и раководител во одделение за инспекциски надзор во Советот.

Илиевски нагласи дека повеќе нема доверба во домашните институции кои веќе се запознати со случајот и за сите неправилности ќе информира некои меѓународни институции и неколку амбасади во земјава.

Поврзани вести

Back to top button