Kоментари на социјалните мрежи за гафот на Шекеринска: Срамота е да не си го знаете македонското знаме министерке!
Граѓаните на социјалните мрежи бурно реагираа на фејсбук статусот на Радмила Шекеринска откако вчера министерката заедно со премиерот Зоран Заев и со Талат Џафери го посетија еден од најголемите носачи на авиони „Хари Труман“.
По слетувањето на носачот кој е долг 333 метри и има носивост од 100 илјади тони министерката за одбрана напиша дека биле во посета на носачот на авиони „Хари Труман“ и дека на авионот од ескадрилата на САД било аплицирано и нашето знаме.
„Вчерашниот ден на носачот на авиони „Хари Труман” низ фотографии. На авионот зад нас од ескадрилата на САД е аплицирано и нашето знаме. Членството во #НАТО на дело“, пишува Шекеринска на Фејсбук.
Други пак, тврдат дека не станува збор ниту за знамето на Аризона, туку за амблем на ескадрилата кој само на прв поглед потсетува на македонското знаме.
„Срамота е да не си го знаете знамето минисерке. Знамето на Македонија во средината има жолто сонце, а не црвено. Добар спин, да не се фативте во лага“, се вели во еден коментар.