Македонија

Катица Јанева комунициралa со член од „Кумановската група”

Шек Халачи кој е осуден за случајот „Диво Насеље” на својот Фејсбук профил објави слика како тој комуницира преку Вибер со притворената обвинителка Катица Јанева. Тој на својот пост проследен со сликата на Катица Јанева напиша:

“Катица Јанева појасна од било кога. На кого му смета вистината за 9 мај во Куманово? Зошто Али Ахмети нема побарано меѓународна истрага за предавството од 9 мај? Кои беа условите кои Али Ахмети му ги постави на Зоран Заев за формирање на влада, дали еден од условите беше тапкање на процесот во место и да нема истрага за случајот „Куманово“?

Зошто Али Ахмети никогаш не пушти ни една солза и не кажа ниту еден пофален збор за убиените во Куманово? Зошто Али Ахмети го мачи толку многу овој случај и не дозволува негово расветлување? Зошто не реагира косовската влада или и тие се вмешани во ова предавство заедно со соработниците од кланот ДУИ?

Зоран Заев изгледа го прифати условот на Али Ахмети да не се расветли случајот Куманово само за да формира влада, иако тој самиот обвинуваше дека во овој случај имаат вмешано прсти Али Ахмети заедно со Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Делата и молчењето на Али Ахмети јасно покажува дека тој и неговата партиска структура ДУИ, уште од 2002 година се под хипотека како во СДСМ така и во ВМРО!

Бараме од опозицијата да не попушта и да бара на чело на специјалното обвинителство да застане еден обвинител од некоја од европските земји за да ги расчисти еднаш засекогаш монтираните случаи од 2002 година се до денес.

И за крај, Фатушке (се обраќа на Фатиме Фетаи) тие документите од судот од САД што ти ги имам пратено на Whatsapp немој да ги изгубиш!!!”, напиша Халачи.

Поврзани вести

Back to top button