Македонија

Ахмети викаше и трескаше по маса, нервозен зашто Албанците се поделени (ВИДЕО)

Со викотници и удирање по маса Али Ахмети изрази незадоволство и лутуна дека лидери и претставници на пет партии на Албанците седеле на лидерската средба кај шефот на државата Стево Пендаровски, наспроти двајцата македонски лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

– Да се освестат и да ги обединат Албанците, а не да ги поделат, срам ми е да одам на средби со шест делегации на партии на Албанците и велиме дека сме Албанци со образование, со универзитети, какви универзитети имамем, какво образование имаме. Срамно е за Албанците, шест албански делегации се таму, а само две македонски, една на власта и една на опозицијата. Доаѓа Беса со шестмина оти не си веруваат меѓусебе, доаѓа Села со три – четворица, доаѓа, доаѓа Тачи со двајца, тројца, Али Ахмети со двајца, тројца, доаѓа Гзим Острени со двајца, тројца. Ова е срамно, и ми велите мене дека јас сум ги навредил. Со престапници веќе нема да седам и мислам дека имам морално и национално право да им се обраќам на Албанците дека не ни требаат 10 партии. Шест партии ,а 10 мандати. Ја повикав цела опозиција на Албанците  да биде против ДУИ, затоа што Албанците ќе изгубат и тоа се случи. Изгубија 10 пратеници. Многу сме поделени… поделени се семејствата 1000 ваму, 1000 таму. Сите сакаат да станат први – вели Ахмети.

Поврзани вести

Back to top button