Македонија

(ВИДЕО) Катица Јанева со лисици на рацете

На денешното второ сослушување во врска со предметот „Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше донесена со лисици на рацете.Јанева во Обвинителството влезе во придружба на полицајка, а подоцна ги следеше уште еден полицаец.

За разлика од последното нејзино излегување од зградата на Обвинителството, кога по првото сослушување со насмевка на лицето се раздели од новинарите, овој пат Јанева имаше крајно сериозен израз на лицето.

Престојот на јанева не траеше многу долго, бидејќи според објаснувањето на нејзината одбрана, екс обвинителката побарала увид во доказите пред да проговори за нејзиниата наводна инволвираност во „Рекет“.

 

Видео: А1он

Поврзани вести

Back to top button