Македонија
Во локали во Гостивар и Тетово откриени 20 Албанки со нелегален престој
Во угостителски објекти во Гостивар и Тетово полицијата открила 20 албански државјани кои нелегално престојувале во државава.
Ноќеска во акциска контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат за село Сараќино било затекнато лицето М.К.(23) од Албанија кое немало регулиран престој во РСМ. Во три објекти во Чегране и во село Чајле биле затекнати шест лица: Ч.А.(40), Х.Д.(41), Ч.Ш.(61), А.Е.(26), А.М.(42) и З.Ч.(55), сите од Албанија, со непријавен престој во земјава.
Во акциска контрола, пак, на подрачјето на Полициската станица Гостивар во седум објекти биле затекнати 13 државјани од Албанија со непријавен престој во РСМ.
Лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.