Избор на уредникотСвет

Добра вест за оние кои сакаат да работат во Германија

Барателите на азил кои ќе најдат работа во Германија може да останат.

Германскиот Бундестаг усвои миграциски закони, со што се олеснува доселување на стручни кадри кои се потребни на пазарот на труд во Германија.

Пакетот се состои од седум закони, но тоа ќе овозможи и протерување на оние кои немаат право на азил.

За Германија е многу важно да си обезбеди стручна работна сила.

Донесените закони овозможуваат луѓето од земји кои не се членки на ЕУ да дојдат и да работат во сите области, не само во дефицитарните струки.

Квалификуваните работници шест месеци може да останат во Германија и да бараат работа.

Поврзани вести

Back to top button