Избор на уредникот

Снимен е пулсар кој се движи со брзина од 1130 километри во секунда (ВИДЕО)

Астрономите снимиле неверојатна фотографија на која се гледа пулсар што со фасцинантна брзина од 1130 километри во секунда се движи низ вселената.

Тоа би значело дека би го поминал растојанието од Земјата до Месечината за само 6 минути. Но снимката не е фасцинантна само поради брзината на пулсарот , туку и поради неговата запалена ,,опашка” и супернова од која , како што изгледа на фотографијата , бега. Пулсарите се исклучително густи, брзо ротирачки неутронски ѕвезди , остатоци од експлозија на масивни ѕвезди.

,,Благодарејќи на неговата тесна опашка како стрела и аголот на гледање , имавме среќа да го следиме овој пулсар директно до неговото родно место.” изјави астрономот Френк Шинзел од Националната опсерваторија за радиоастрономија.

,,Со понатамошните истражувања ќе се обидеме да разбереме како експлозиите на супернова може да исфрлат неутронски ѕвезди и да ги забрзаат до вакви неверојатни брзини” , појасни професорот.

Овој пулсар од нас е оддалечен 6 500 светлосни години , а 53 светслосни години од средиштето на остатокот на супернова , која на фотографиите има облик на балонче. Научниците сметаат дека експлозијата се случила пред околу 10 000 години , а пулсарот стигнал до работ на супернова пред околу 5 000 години.

Овој пулсар е најбрзиот досега забележан , зашто нивната просечна брзина се движи околу 240 километри во секунда.

Поврзани вести

Back to top button