МистерииТоп

Мистерија во Казахстан – бродови „испливаа“ среде пустина (ВИДЕО)

Научниците се изненадени од новото откритие на пустина во близина на Казахстан

За да дознаат повеќе историски факти за Казахстан, научници почнале да се занимаваат со овој регион, а прво тргнале од снимка од времето на Студената војна, пишува „Дејли стар“.

На фотографиите што ги снимил сателитот Квикбрд, на висина од 450 километри над Земјата, снимени се четири огромни бродови среде пустина. Научниците не можеле да објаснат како се

„Тешко е да се заврти главата и да се игнорира што се случува на сликата. Во огромна пустина, нема вода, но сепак, на средината, флота од за’рѓани бродови. Најблиску до пустината е Аралското Езеро, но е со километри оддалечено од овде, изјавил истражувачот Џорџ Коронис.

Биологот Роланд Кајс истакнува дека не се работи за мали бродови, туку за енормно големи.

Истражувачот Ник Мидлтон објаснил „дека прилично големите пловила се направени така што да можат да пловат во длабоки води, иако е нејасно зошто се со километри оддалечени од од каков и да било извор на вода“.

И токму кога бродовите во пустината во Казахстан станале мистерија за научниците, сателитските снимки од ова подрачје од времето на Студентата војна дале одговори и ја јазбиле мистеријата.

Аралското Езеро одамна се простирало и до оваа област, поради што пустината не била пустина, а бродовите навистина биле пловила.

Со децении се сметало дека „исчезнале и повторно се појавиле некаде на друго место“.

Поврзани вести

Back to top button