Избор на уредникотМакедонија

Сведокот во „Монструм“: Сами Љута ми побара запалка

На прашање на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, колку најблиску бил до обвинетите, загрозениот сведок Е1 рече дека неколку дена пред 12 април обвинетиот Сами Љутa, кого претходно го препозна во судницата, му побарал запалка.

Бидејќи немал класична запалка, заштитениот сведок му ја запалил цигарата со запалка од автомобилот. Исто така, на прашање на обвинителката од СЈО, Фетаи, дали сведокот забележал какви цигари пуши обвинетиот Сами Љута, загрозениот сведок рече дека Љута во раката држел „лаки страјк“ цигари. Следното рочиште е закажано за в петок.

Загрозениот сведок во судницата препозна тројца од обвинетите и уште еден кој не е обвинет, но моментално е во судницата, а за кого, рече дека не смее да го посочи од безбедносни причини.

Обвинителката Фатиме Фетаи на почетокот на денешното рочиште за случајот „Монструм“, побара од Судот да започне постапката за екстрадиција на обвинетите, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се на Косово и се недостапни за македонските власти, а по нив е распишана меѓународна потерница.

Одговарајќи на таквото барање, судијата Огнен Ставрев рече дека тие веќе се во контакт со косовските власти и се разговара околу постапката за екстрадиција.

Поврзани вести

Back to top button