Има ли, Зекири, полиција во државава која ќе ја запре „заштитената раса“?
Каде е денес Мухамед Зекири да праша или ли кој да го заштити невините граѓани од хулиганите? Има ли, Зекири, полиција во државава која ќе ја запре „заштитената раса“?
Овој Зекири, полн со реторички прашања и гнев и сочувство, денес се крие зад партиското соопштение во кое СДСМ изразува сочувство кон семејството на младиот Никола Саздовски, кој им подлегна на повредите откако беше крвнички претепан на автобуска постојка пред десет дена.
На 29 јуни Никола Саздовски беше избоден среде бел ден на автобуска постојка на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда. Три непознати машки лица кои излегле од „мерцедес“, го претепале 21-годишниот Никола и избегале.
Иако степенот и тежината на повредите и бруталноста на нападот уште во првиот момент биле доволни за квалификација на делото како обид за убиство, веднаш по крвавиот напад МВР уапси двајца од тројцата тепачи и против нив поднесе кривична пријава за насилство .
Младиот Никола денес им подлегна на повредите здобиени во нападот.
Пред четири години по еден натпревар меѓу Вардар и Слога (Шкупи), иако Комитите се оградија од настанот во кој беа претепани неколку момчиња, навивачи на Шкупи, тогашниот уредник на опозициската Алсат-М, а денес потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, невоздржано, како што му налага етиката, и тенденциозно ги обвини Комитите за нападот.
„Има ли кој да ги заштити невините граѓани од хулиганите? Има ли полиција во државава која ќе им каже стоп на „Комитите“ кои секогаш кукавички напаѓаат недолжни граѓани по гррадов или пак тие се заштитена „раса““, пишува Зекири на 10 автуст 2015 година.
Но, денес молчи како доаѓањето на власт да им го одзема чувството за праведност и правда на некогашните гласни опозционери или денес, откако се дограбија на власт газејќи врз раните на некои семејства и мавтајќи со туѓите судбини, како животот, особено младиот, да ја загуби вредноста. Каде е денес Зекири да побара правда за 21-годишниот Саздовски, 27-годишниот Јанушев, 24-годишниот Идризи?
Покрволочни од убијците се само лицемерните кои не им даваат спокој на мртвите души на децата штитејќи ги нивните убијци.
Извор: Република