Комитите порачаа: Ние, кубурата и камата нема да ги криеме за црни денови, зошто се веќе дојдени
За случајот со дваесетгодишниот Никола Саздовски од скопската населба Кисела Вода, кој беше претепан и избоден со нож од страна на, барем за јавноста непознати лица, и кој се наоѓа на КАРИЛ во животно загрозувачка состојба, преку „Фејсбук“ се огласија и од навивачката група „Комити“ чии член е и Никола
Интегрално
Молчевме цела недела, огорчени, потиштени и со мислите кон нашиот млад брат. Како да ви го објасниме МВР нашиот гнев, нашиот моментален порив за одмазда!? Дали сте свесни дека ќе започнете нешто, од кое нема враќање назад.
Нашите прашања до институциите, НВО-та(ако постојат уште такви), медиумите и граѓаните на оваа наша измачена земја, се:
1. Од кога тоа, дело, убиство во обид, кое се казнува со дваесет години затвор, се преобразува во дело насилство?
2. На кој начин дело сторено на 29.06. 2018 година, се објавува во полициски билтен на 02.07. 2018 , наместо следниот ден, како што е редот?
3. До кога ќе ги заштитувате милениците на дуи(шверцери) како бели мечки?
Осудените за убиство во делото “Монструм”, каде на 5 Македонци им беше одземен животот, се слободни, а луѓето што го нападнаа “Могли” од Струга (кој во интервјуа раскажуваше дека Македонскиот народ не постоел) се затворени. Прашуваме каде е тука правдата!?
Се сеќавате ли на Мартин Нешковски и реакцијата на тогашните “револуционери”!? Се сеќавате ли дека сето тоа беше за прикривање на дело!? Се сеќавате ли колку бевте гласни!? Тогаш глумевте за личен интерес и за полнење на вашиот џеб, а сега кога го нема тоа, скриени како глушец во дупка. Ние, кубурата и камата нема да ги криеме за црни денови, зошто се веќе дојдени.
Нашите мисли, срце, душа и нашите молитви се со Саздо и неговата фамилија. Се молиме, да повторно дојдеш и запееш со нас, за Вардар и за Македонија!!!