Избор на уредникотМакедонија
Почина спасувајќи дете во Грција, погребан е 22-годишниот херој Бурхан од Арачиново
Беше жив и здрав. Отиде во Грција да се одмори, но таму се случи трагедија.
Дваесет и две годишниот Бурхан Латифи од Арачиново кој почина пред неколку дена на плажите на Грција денеска го погребaa.
Трагедијата се случилa кога едно дете побарало помош во морето, а Бурхан бил првиот што стрчал да помогне, но за жал не успеал да се спаси себеси и починал неколку минути откако неговото тело било извадено од морето.
Погребот на 22-годишниот се одржа на гробиштата на село Мојанци. Бурхан беше единствениот син на семејството Латифи.
Извор: Независен