Протести за Монструм – „Заев, дали и ти ги сонуваш жртвите од Смилковско“
Правда за жртвите, затвор за монструмите“,Заев, дали и ти ги сонуваш жртвите од Смилковско?“,„Спиеш ли мирно Заев“ ова беа дел од пораките кои ги испратија граѓаните на протестот за жртвите од Смилковското езеро. Граѓаните кои го на еден час го блокираа булеварот пред Кривичниот суд побараа одговорност од правосудството и убијците да одговараат за петкратното убиство.
Граѓаните велат дека се организирале преку социјалните мрежи.
Сепак на протестот не дојдоа семејствата на убиените кај Смилковското езеро. Во телефонски разговор за сител дел од нив велат дека се разочарани од настаните во изминатите 6 години и дека сеуште ен добиле правда за убиените деца.
По одлука на Врховниот суд, случајот Монструм одново започна. Првото рочиште од повтореното судење беше одложено поради отсуство на Фејзи Азири еден од обвинетите кој подоцна беше приведен поради бегство од штипскиот затвор. На последното рочиште двајца од родителите побараа да бидат објавени телефонските разговори во коис е открива инволвираноста на високи функционери на дуи во целиот случај.