Македонија

Ахмети: Овој глас е за мачениците од 2001

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, вчера беше присутен на тензичната собраниска седница на која со 64 гласа за без ниту еден против или воздржан беше изгласан Законот за употреба на јазиците. Ахмети беше токму еден од пратениците кој даде целосна поддршка за ова законско решение кое се постави како императив во владината коалиција со СДСМ и притоа не се најде простор за поширок политички консензус со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој глас и овој ден им припаѓа на тие кои повеќе не се со нас, кои се најмногу заслужни, тоа се мачениците на нашиот народ“ објави Ахмети на неговиот профил на Фејсбук,

Ахмети смета дека токму жртвите кои ги положи ОНА во 2001 година, односно за борците кои загинаа во воениот конфликт по што беше потпишан Охридскиот мировен договор, а токму со овој Закон, ДУИ тврди дека се заокружува Рамковниот договор преточен во Уставот на Република Македонија.

Поврзани вести

Back to top button