Стоилковски: Самед Мисини од Ласкарци пука, главен гостин и сведок на пукањето е директорот на БЈБ Сашо Тасевски

Објавено: сабота, 11 март 2023 во 15:31
Spread the love

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски објави видео на кое тврди дека е Самед Мисини бизнисмен од Ласкарци, кој во Јули 2022 година, испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје! Тој според Стоилковски за ова дело и за неколку други кривични дела не одговарал бидејќи е близок со власта, поточно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

– Ве повикувам да погледнете едно видео. Ова е Самед Мисини од Ласкарци, во Јули 2022 година, кога испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје! Ова пукањето е кривично дело член 396 став 2. Покрај пукањето, Мисини се поврзува и со насилство против изборите за бркање на гласачи и набљудувачи во Ласкарци, како и со напад и тепање на бизнисмен во кабинетот на Шилегов веднаш по локалните избори, кога при полициска интервенција пронајдено е и оружје. Секако, нема казна за Мисини.

Мисини е бизнисмен, градежник, добитник на тендери од Скопје под Шилегов, а до сега иако има повеќе документи за дела во полицијата, никогаш ништо не е реализирано.

За кривичното дело, што го видовте, има оперативен извештај до Единица за недозволена трговија, но не се преземени никакви оперативни мерки. Нема претрес, нема барање на оружјето, нема казна.

Причина за неказнувањето е што главен гостин и сведок на пукањето, во случајот свадба кај Мисини, е директорот на БЈБ Сашо Тасевски со семејството.

Почитувани, нема јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот  и да биде ортак со него! Оттука, Оливер Спасовски и Сашо Тасевски, мора да одговорат:

Дали е нормално наместо Мисини за случајот да бидат казнети полицајци?
Дали е нормално вакво пукање да се случува пред очи на директор на БЈБ?
Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски семејни врски со човек којшто пука, тепа, и насилно попречува изборен процес?
Дали неказнивоста на овој човек се спроведува преку началникот на крим полиција Музафер Каришиќ?

Колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски?
Но, и кога Тасевски ќе го пријави до ДКСК станот во којшто живее од пред нова година, стан во една од зградите изградени од Мисини?, праша Стоилковски.

Според него  наместо да се гони криминалот, институциите со СДС и ДУИ шуруваат со него, а Скопје и Македонија се претворени во држава каде што царува криминал, насилства, убиства и мафијашки пресметки.