Претепани тројца малолетници во автобус во Сингелиќ, им се заканувале и навредувале

Објавено: четврток, 8 декември 2022 во 21:48
Spread the love

Вчера во 23.00 часот во СВР Скопје, С.М.(41), М.Т.(35) и В.Т.(53) сите три од скопско, пријавиле дека во периодот од 12.30 до 12.40 часот во автобус со бр.65 во Скопје, додека сообраќал од с.Сингелиќ, скопско до трговски центар на подрачје на Гази Баба, нивните три малолетни синови биле физички нападнати од повеќе лица, кои им се заканувале и навредувале.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.