Патниците на германската железница ќе пијат од порцелански шолји, а кај нас возот касни 10 часа

Објавено: среда, 7 декември 2022 во 10:37
Spread the love

Додека кај нас возот од Скопје до Битола може да патува и по десет часа и најчесто кога е надвор ладно во возот е поладно, германските железници споредено со нашите се во „друга димензија“.

В година патниците од германските железници ќе може да добијат кафе во порцеланска шолја, објави германскиот железнички оператор.

– Патниците ќе може да изберат дали да пијат од „висококвалитетни порцелански или стаклени чаши“ кога нарачуваат храна и пијалаци на меѓуградски и на брзи линии. Чашите и чините за повеќекратна употреба ќе им бидат понудени на клиентите бесплатно и без депозит за сите нарачки од бистрото на возот, се вели во соопштението на компанијата.

Германија со ова сака да го намали количеството отпад што се произведува во возовите, но пластичната и картонската амбалажа сепак ќе биде достапна на барање на клиентите.

Можеби во некој нареден период и нашите железници, поточно раководството, откако ќе ги отстранат сите недостатоци, ќе ги служат патниците со порцелански чаши.