Д-р Атанассов од БАН: Се разбираме но не зборуваме ист јазик, вие зборувате македонски, јас бугарски (ВИДЕО)

Објавено: вторник, 6 декември 2022 во 22:13
Spread the love

Се разликуваме, не сме еден народ како што тврдат многу бугарски националисти. Но, најблиски сме. Вие зборувате македонски, а јас бугарски, вели во интервјуто за „Утрински печат“ бугарскиот историчар Димитар Атанссов од Институтот за етнологија при БАН.

„Нема разумен човек кој се сомнева во тоа. Разбирањето на настанати два јазика не значи дека тоа е еден и ист јазик. Италијаните и Шпанците меѓусебно се разбираат, ама не тврдат дека тоа е еден јазик. Норвежаните, Данците и Швеѓаните исто така се разбираат многу добро, дури на Скандинавскиот полуостров има конвенција според која студентите од секоја од овие земји би можеле испитите да ги полагаат на својот мајчин јазик, независно од која од овие земји одат да учат. Но, тоа не значи дека јазикот им е еден идентичен, јазиците се шведски, норвешки и дански“ вели Атанассов.

Во интервјуто, Атанассов говорува и за тоа како неговите политички ставови од колеги од историската и научна јавност се третирани за национално предавство, кукавичлук и дека тоа се случува со сите негови истомисленици кои не се процент за потценување и и припаѓаат на бугарската интелегенција, која смета дека Македонија и Бугарија треба да имаат една порационална позиција, базирана на научни стандарди и почит кон другите, а не реторика која ги потхранува националните комплекси.Спомнувајжи ја неодамнесната петиција за грагански патриотизам, иницирана од проф.Александар Косев, поддрзана од над 1600 грагани, овој бугарски историќар со свое видување за заначењето патриотизам.

„Граѓанскиот патриотизам, почитта кон другиот, откажувањето од омразата кон другиот, е вистински патриотизам. Патриоти сме и добри Бугари, кога ги почитуваме соседите, а не кога ги терориризраме“, смета Атанассов.

Според него, бугарската држава треба да престане да бара вклучување на Бугарите во македонскиот Устав, оти таа не е во состојба да даде впишување на Македонци во бугарскиот Устав, поради неговата чистограѓанска концепција.

„Ако сметаме дека граѓанската нација е далеку подобра идеја од етничката, тогаш да не ги впишувате Бугарите во вашиот Устав, а ние да не ги впишуваме Македонците“.