Албанци со скапи автомобили го блокираа Лондон, Фараж: Господ нека ни е на помош (ВИДЕО)

Објавено: вторник, 29 ноември 2022 во 21:23
Spread the love

Албанци кои живеаат во Велика Британија синоќа излегоа на улиците на Лондон за да го прослават Денот на независноста на својата земја. На бројни видеа од центарот на Лондон се гледаат мажи и жени во скапи автомобили како веат албански знамиња додека полицајците бараат од нив да престанат да го запираат сообраќајот.

Меѓу многуте скапи автомобили имало виолетово „Ламборџини Хуракан“ и „Мерцедес Г“-класа, кои чинат меѓу 120.000 и 160.000 фунти. Додека возачите свиреле, млади жени танцувале по улиците во традиционални фустани.


„Полицијата беше известена дека на одредени патишта се собира поголема група возила. Нашите припадници веднаш излегоа на терен за да се минимизира можноста за нарушување на сообраќајот“, се вели во соопштението на полицијата. Оттаму додаваат дека при полициската акција било приведено едно лице.

Додека мажите во автомобилите свиреле, девојки во народни носии изведувале традиционални народни ора, а се фрлале и петарди. Снимките и фотографиите кои се раширија на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции кај другите жители на Лондон, пишува Дејли Мејл.

На начинот на славење реагираше и познатиот британски политичар Најџел Фараж кој напиша „ова е Лондон синоќа, Господ нека ни е на помош“.