Возач со активирани флешери бегал на Качанички пат, полицијата го фатила и пуштила оти е син на функционер во МВР?

Објавено: понеделник, 28 ноември 2022 во 14:35
Spread the love

Возачот на возило со флешери кој вчера се спасил од апсење откако се обидел да и избега на полицијата на Качанички пат кој води кон границата со Косово, е син на висок функционер на МВР, објави порталот Експрес.

Полициски извори, пишува порталот, тврдат дека откако полициска патрола се обидела да го запре тој не запрел по предупредувањето од полициската патрола туку продолжил без да застане по што почнала бркотница во која учествувале повеќе возила.

Бегалецот на возилото со вградени полициски сигнални уреди, таканаречени флешери, подоцна бил запрен од полициски службеници кои влегле во опасност да бидат повредени во бркотницата.

Откако бил запрен во бркотница возачот бил пуштен од полицајците која известила дека се работи за владино возило.