Балканската мафија станува водечка во Европа, главен е Тито

Објавено: понеделник, 28 ноември 2022 во 14:18
Spread the love

Сѐ поголем број граѓани од Балканот коишто живеат во земјите на ЕУ се регрутирани да работат за подземјето. Новите кланови се присутни во Белгија и во Холандија, земји каде што се наоѓаат големите пристаништа Антверпен и Ротердам, традиционални порти за шверцувани наркотици наменети за европскиот наркопазар. Но, најновите заплени покажаа дека и приказните за традиционалните рути им припаѓаат на минатото. Она што новите криминалните групи од Западен Балкан ги поврзува со традицијата на старите „прекалени борци“ од балканските кланови, се насилството и бруталните убиства.

Во голема меѓународна акција, во која учествувале 250 полицајци и се уапсени 49 лица, настрада „супер-картелот“ на чие чело се наоѓа извесен Един Гачанин (40) познат по прекарот Тито. Се тврди дека овој картел контролирал дури една третина од пазарот на кокаин во Европа.

Спомнатиот Тито, кој со години бил мистерија за европската полиција, бил уапсен и врзан со лисици во Дубаи, каде го поминувал поголемиот дел од своето време, јавија холандските медиуми.

Тито е Холанѓанецот, ама по потекло е од Босна и Херцеговина. Американската истражна служба ДЕА го смета Един Гачанин за еден од педесетте најголеми шверцери на дрога во светот. Во акцијата се откриени контролни центри и друга логистичка инфраструктура за транспорт на дрога низ цела Европа.

Во Албанија, како што информираше во петокот Полициската управа на Црна Гора, запленети се 430 килограми кокаин, кој со брод бил прошверцуван од Колумбија преку пристаништето Бар. Тоа било епилогот од меѓународната полициска акција „Пристаниште“, која, според пишувањата на медиумите, исто така ја водела американската агенција ДЕА, специјализирана за борба против нарко-мафијата.

Само еден ден подоцна, во саботата, во Белгија биле запленети 115 килограми кокаин, што довело до апсење на осум осомничени од Србија и од Босна и Херцеговина. Тие се обвинети дека доставувале дрога од Јужна Америка во Ротердам. Кокаинот запленет во Албанија и во Белгија најверојатно бил наменет за илегалниот наркопазар во Европската унија.

Овие заплени сведочат за сѐ поголемата сила на балканските банди, кои имаат огромна финансиска моќ и влијание. Според анализите во некои европски медиуми, ДЕА, Европол и европските полиции сѐ повеќе стануваат свесни дека старите балкански наркокланови остануваат во легендите и како инспирација за телевизиските серии, а на теренот царуваат „некои нови клинци“.

Фактот што сѐ поголем број граѓани од Балканот живеат во земјите на ЕУ покажува зошто некои нови Балканци, меѓу кои има и Македонци, се регрутирани да работат за подземјето. Новите кланови се присутни во Белгија и во Холандија, земји каде што се наоѓаат големите пристаништа Антверпен и Ротердам, традиционални порти за шверцувани наркотици наменети за европскиот нарко-пазар. Но, најновите заплени покажаа дека и приказните за традиционалните рути им припаѓаат на минатото.

Она што новите криминалните групи од Западен Балкан ги поврзува со традицијата, освен некои персонални контакти на новите босови со некои од старите „прекалени борци“ од балканските кланови, е фактот дека се насилни. Па така, како порано така и сега, борбата за превласт на наркопазарот често се решава со брутални убиства.