Секој трет мигрант кој го поминува Ла Манш е Албанец

Објавено: недела, 27 ноември 2022 во 20:22
Spread the love

Британските медиуми пренесуваат дека секој трет имигрант кој илегално го минува Ла Манш и стигнува на британска територија е Албанец, јави Топ чанел.

– Бројот на баратели на азил кои добиваат поддршка финансирана од парите на британските даночни обврзници за првпат достигна 100.000. Бројот на имигранти кои на крајот на септември добивале помош од владата, наспроти помалку од 69.000, колку што бил нивниот број минатата година, наведуваат медиумите.

Додаваат дека повеќето добиваат бесплатно сместување и животен додаток од 40,85 фунти неделно за секое лице во нивното семејство.

Албанците сочинуваат 35 отсто или нешто повеќе од една третина, од луѓето кои го преминале Ла Манш со мали бротчиња и гумени чамци во првите девет месеци од годинава, покажуваат новите податоци на британските власти.

Тие, исто така, сочинуваат половина од луѓето забележани на оваа рута во периодот јули-септември, што е нагло зголемување во споредба со претходните години, кога 3 отсто од пристигнатите на британска територија во 2021 година биле од албанска националност а само 1 отсто во 2020 година.

Информациите од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека имало над 33.000 пристигнувања на мали бродови и чамци во Обединетото кралство од јануари до септември оваа година.

Во овој период се проценува дека во оваа земја влегле повеќе од 11.200 Албанци. Авганистанците се втори на листата со 15 отсто од пристигнатите.