Белгиски државјани со мароканско потекло го слават поразот на Белгија (ВИДЕО)

Објавено: недела, 27 ноември 2022 во 19:13
Spread the love

Победата на Мароко од 2:0 над Белгија беше прославена во Катар и во Мароко, но во белгиската престолнина Брисел, ситуацијата се претвори во хаос откако мароканските навивачи излегоа на улиците.

Бидејќи Брисел е дом на голема мароканска заедница, ова можеби беше очекувано. По големата победа почнале судири меѓу белгиските и мароканските навивачи, по што интервенирала и белгиската полиција. Засега, не е објавено дали има повредени или уапсени во инцидентите.