„Возот Битола- Скопје вози 10 часа, а директорите во МЖ земаат плати над 70 илјади денари“

Објавено: среда, 23 ноември 2022 во 20:54
Spread the love

Македонски железници има седум директорски позиции со плати над 70 илјади денари, без додатоци, истакна порпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски како дел од аферата „Паразити“.

-Десет милиони денари годишно земаат директорите и нивните советници за работниците да немаат плата, а за линијата Битола – Скопје да се вози и да се чека воз над 10 часа, ако воопшто стигне возот, рече Стоилковски.

Овие директори, како што истакна, ангажирале и петмина советници, платени советници, со позиција со „коефициент осум“ по списокот во Македонски железници, односно со плати над 60.000 денари.

-Македонски железници, акционерско друштво во државна сопственост, е дел од колачот за делење на менаџерски позиции и за високи директорски плати: Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари; Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари; Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари; Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување на возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари; Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари; Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари; Мајан Вејсели, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на Железници, со плата околу 75.000 денари, рече Стоилковски.