Уапсен навивачот кој удри фудбалер сред натпревар во Тетово (ВИДЕО)

Објавено: сабота, 1 октомври 2022 во 20:59
Spread the love

Скандал се случи денеска во Тетово на второлигашкиот натпревар меѓу Тетекс и Саса (0-2). Пред самиот крај од дуелот, навивач влета во теренот и му удри шлаканица на гостинскиот напаѓач Бошко Ступиќ.

Потоа и веднаш побегна, преку теренот, но и низ оградата наоѓајќи една „дупка“ за да се протне.

Кратко по инцидентот судијата отсвири крај на мечот.

Тетовската полиција соопшти дека го уапсила лицето набрзо по завршувањето на натпреварот.

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип, велат оттаму.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.