Убиен Радоје Звицер, најголемиот шверцер на кокаин во светот, поседувал и македонски пасош (ВИДЕО)

Објавено: петок, 30 септември 2022 во 23:12
Spread the love

Вечерва нешто по 20 часот во Панама бил убиен водачот на „Кавачкиот клан, Радоје Звицер, пишуваат медиумите. Според информациите, кои беа потврдени во српското МВР за медиумите, Звицер бил застрелан во изнајмена вила во Панама. Локалните медиуми во централноамериканската држава пишуваат дека тој во моментот на атентатот бил во друштво на неговиот близок соработник, со иницијали Б.М.

Звицер важи за еден од основачите и водачите на „кавачкиот клан“ и еден од најголемите шверцери на кокаин во светот, можеби најголемиот дистрибутер на наркотици од колумбиските картели.

Тој ги предводи членовите на оваа криминална организација од странство и е осомничен дека е вмешан во нарачување убиства.

Се верува и дека тој стои зад ликвидацијата на шефовите на „Шкаљарскиот клан“, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина. Станува збор за одмаздата за продажбата на информации за товар со дрога вреден околу една милијарда евра на ДЕА и ФБИ.

„Новости“ објави дека меѓу пасошите што Звицер ги поседува е и македонскиот.

„Според информациите што ги поседуваме Звицер има фалсификувани документи на Македонија, Хрватска и на Украина. Без разлика на кокаинските картели неговото апсење е прашање на денови“, пишуваше „Новости“ во мај минатата година.

Звицер беше тешко ранет и пред две години во Киев, каде што тогаш се криеше од атентаторите на спротивставениот клан. Очигледно животот тогаш му го спаси сопругата Тамара Звицер, која пукала во напаѓачите, по што тие побегнале.

Кобниот ден, Звицер џогирал во елитниот дел на Киев каде живеел со семејството. Во еден момент, напаѓачите му пришле и испукале седум куршуми кон него, но Тамара Звицер ги избркала бидејќи пукала во нивен правец и така го спасила Звицер од сигурна смрт.