Млекото се откупува по 20 денари од сточарите, а се продава по 80 денари во маркетите, земјоделците планираат продажба преку Фејсбук

Објавено: вторник, 27 септември 2022 во 23:51
Spread the love
Бидејќи откупувачите на големо нудат само 20 динари за литар млеко, некои од фармерите наоѓаат алтернативи да го продаваат млекото сами, како и други млечни производи, нудејќи различни начини преку социјалните мрежи, па дури и испраќање до домовите на граѓаните.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски нагласи дека не е одговорен за откупот и големопродажната цена на млекото, откако производителите се пожалија дека откупувачите им го откупуваат за 20 денари, а во маркетите потоа се продава за над 80 денари.

Поради откупот од 20 денари за литар млеко и продажбата за неколкукратно поскапо, некои од фармерите наоѓаат алтернативи како сами да си го продадат млекото. Го нудат преку социјалните мрежи или сами им го носат по поволна цена на клиентите дома.