Маж завршил во инвалидска количка откако земал поголема количина на витамин

Објавено: вторник, 27 септември 2022 во 22:54
Spread the love

Според пишувањето на медиумите 86-годишен маж кој ја загубил способноста за одење откако земал 70 пати повеќе од препорачаната доза на витамин Б6.

Неговата ќерка Алисон Тејлор за радиото ABC Мелбурн изјави дека докторот на нејзиниот татко му препишал доза од 50 милиграми витамин Б6 за да го компензира недостатокот на тој витамин. Оваа доза е многу повисока од препорачаната дневна доза од 1,7 милиграми витамин Б6 за мажи над 50 години, пишува британски „Инсајдер“.

Покрај тоа што конзумирал значително поголема доза преку суплементи, овој човек конзумирал и витамин Б6 преку храната, особено преку житариците што ги јадел за појадок, а кои се полни со овој витамин.

Неговата ќерка рече дека мажот почнал да го губи чувството во нозете неколку месеци откако почнал да го зема препишаниот додаток.

„Возеше автомобил пред 12 месеци, а сега е во дом за стари лица, во инвалидска количка“, вели Алисон.

Витаминот Б6 е витамин растворлив во вода кој се наоѓа во многу намирници, а влијае на повеќе од сто ензими во телото, помагајќи им да ја извршуваат својата функција – да ги разградуваат протеините, јаглехидратите и мастите.

Инаку, адекватно ниво на витамин Б6 во организмот е поврзано со пониско ниво на рак, но од друга страна, подеднакво е важно да не се претерува со внесувањето на овој витамин.