Орбан: Резултат на санкциите, Европа посиромашна, Русија побогата

Објавено: понеделник, 26 септември 2022 во 21:10
Spread the love

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека укинувањето на санкциите против Русија е услов за закрепнување на европската економија, пренесе ТАСС дел од неговиот говор во унгарскиот парламент.

„Доколку се укинат санкциите против Русија, цените на енергијата ќе се удвојат, а европската економија ќе може да закрепне“, изјави Орбан, а пренесува весникот „Мајар Немзет“.

Орбан додаде дека од февруари „Русија многу профитирала од високите цени на енергијата“, додека санкциите, според него, имаат спротивен ефект, бидејќи „Европејците се посиромашни, а Русија се збогатува“.