Новинар во МРТ најде изговор за исвиркувањето на Македонскиот јазик: Требаше на концертот да земат учество и македонски пејачи а не да бојкотираат поради Охридскиот договор (ВИДЕО)

Објавено: среда, 17 август 2022 во 22:21
Spread the love

Димитар Делевски новинар во Македонската радио-телевизија, телевизија за која од буџетот во 2022 година ќе бидат издвоени 15 милиони евра и која и покрај тоа што секоја година троши баснословна сума на народни пари, има убедливо најнизок рејтинг и гледаност во државава, има одговор зошто бил исвиркан македонскиот јазик на фестивалот во чест на 21 годишнината од потпишување на Рамковниот договор.

„Требаше на концертот да земат учество и македонски пејачи а не да бојкотираат поради Охридскиот договор. Можно е свирежите да се протест поради тоа, напиша Делевски во коментар на Фејсбук.