Арсовска за разлика од Грујо, Бучко, Бранко, Љубчо и Заев докажа дека не е измеќар на ДУИ, не дозволува некои да седат дома и да земаат плата

Објавено: вторник, 9 август 2022 во 14:52
Spread the love

Тоа што на некого не му е продолжен договорот, значи дека раководството не е задоволно од неговата работа. Се работи за лица кои не си ги извршувале своите работни обврски, а најголем дел нив не се ни појавувале на работното место, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одговорајќи на новинарски прашања за отпуштањето од работа на 33 лица вработени во ЈП „Комунална хигиена”.

Таму не се работи за етникум, таму има лица од сите етникуми. Доколку некој смета дека овие лица треба да бидат поддржани во тоа да не доаѓаат на работа и да не ги извршуваат своите работни обврски, тоа треба да излезе јасно и гласно да го каже. Ние, својот мандат го имаме  добиено од граѓаните за да им се испорачаат најдобрите можни услуги, и при тоа да нема непродуктивни трошења за лица кои не си ги извршуваат своите работни обврски. На крајот одговорноста дали работата се завршила како што треба или не, е наша, истакна Арсовска.

Напомена дека ќе продолжат со вакви реформи и во следниот период, а како што рече, одговорност треба да има и за оној кој дозволил со години некој да седи на работното место и ништо да не работи.