Јандриоски до Ацо Новески: Тие претходните а и овие сегашниве потенцијални не се мој сој на луѓе, сакам јас човек што ќе ме погледне во очи и ветува дека ќе исполни обврските кон Татковината

Брату нема невреме кое може да ме спречи да дојдам за тебе. Еве денес дојдов само тебе да те видам.
Слушнав дека во рамките на партијата си во потесниот круг на кандидати за градоначалник. Искрено, сакав пред ИК на партијата да ја донесе одлуката, лично да дојдам да те видам, да те замолам да ми ветиш нешто.
Се познаваме долги години, близок си со мене, близок си и со мојата фамилија. Те познавам како еден од најлојалните долгогодишни членови на Организацијата. Па баш поради тоа, дојдов да те замолам да ми ветиш дека при евентуален твој избор, како прв човек на Македонски Брод, ќе ги земеш во предвид овие 3 замисли кои претворени во проекти да ги реализираш. Цели кои мене искрено на срце ми лежат
Брате мој, сакам да ги реализираш овие замисли и цели:
Сакам да има возило со шофер, кои ќе се под капата на општината, и кои 5 дена во неделата ќе одат по поречките села и секаде каде што има стари луѓе, да бидат запазувани, и да им се излага во пресрет за нивните потреби. Да има кој да им купи храна, лекови и да има кој редовно да ги посетува. Таквии лица кај нас има многу. А политичариве наши брате Aцo забревтани од полнење на сопствените џебови, си ги заборавија своите луѓе. Брате, тоа е наш народ и бара грижа, а да се грижиш за старите е света работа брате.
Друго брате, како човек кој редовно го посетува Порече и поречкиот крај, имам желба за дивечот едно арно да направиме.
Сакам поила за вода да им се направи, да не мора да се симнуваат долу кај реките и езерото каде што скриени дремат криволовците и ги стреелаат, убиваат. Сакам на жештиниве да си имаат водичка и жед да изгасат. Можеш брат ова, во соработка со ловното можеш ова арно да го направиш.
И трето, последно брат, сакам таблата во Манастирец каде што се стрелани 103те поречани да ја обновиш. Сакам вистината нашите поколенија да ја знаат, сакам жртвите да почиваат во мир и да се соодветно испочитувани. Знам брате дека можеш ова, затоа и те молам.
Брате мој, тие претходните а и овие сегашниве потенцијални не се мој сој на луѓе, сакам јас човек што ќе ме погледне во очи и ветува дека ќе исполни обврските кон Татковината.
А ти брате, на моја голема радост ми вети дека ова ќе го исполниш во случај да си избран за градоначалник.
А тоа ме радува, зашто ретко кој како тебе ја користи фразата:
-Христијански е да работиш за народот и да ветиш пред Бога дека ќе помагаш.
А ти како човек кој не пропуштил посета на црква во Недела, и ја заслужуваш мојата доверба.
Брате мој, јас не идам да молам за некој да се ухлеби, да товара тендери, јас идам да молам за мојот народ и мојата Македонија.
И знам кај кого идам.
Брате, ја имаш мојата безрезервна поддршка, и поддршката на мојата фамилија од нашиот крај.
Ти ветувам❗

Секогаш Македонски Брод……никогаш северен.