Мечка видена во скопско (ВИДЕО)

На социјалната мрежа „Фејсбук“, планинари од ПК Македон од Скопје објавија снимка во која се гледа мечка во близина над скопското село Побожје.

Мечката била забележана кај областа „Две реки“, а планинарите од автомобил ја снимале како мирно шета по патот.