Џафери: Плаќаме патни трошоци за 100 пратеници, а на седница има 50, што мислите вие јас слама јадам (Видео)

Откако спикерот Талат Џафери ја продолжи со 32-та седница, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата, со што неможеше да се обезбеди кворум, а координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Никола Мицевски побара да се почне со 36-тата седница, за, како што рече, да се изгласа економскиот пакет помош за граѓаните и стопанството.

„За да ја скратиме оваа работа драмолетка, немате кворум тоа е факт. Слабо ви е мнозинство и тоа е факт, не се сите пратеници тоа е факт. За да скратиме овие драмолетки,ве молиме констатирајте дека немате кворум за 32-рата седница, ставете ја седницата 36 да ги изгласаме законите. Џабе тропате, граѓаните ви тропаат, ги чекаат парите, дајте да ги гласаме. Ве молиме еден месец. Ајде закажете ја 36-тата седница”, рече Мицевски.

Талат Џафери видно изнервиран  му одговори.

„Јас тука зборувам за процедура, не за желба. Одбивавте да бидете во собранието на два пати. Имаме изолирани пратеници. И 25 март до сега не одржавте комисија за финансирање и буџет, и тука мене ми зборувате дека јас го кочам донесувањето на мерките. Тоа е срамота. Што мислите вие, дека јас јадам слама тука. Не водам кладилница, државна институција водам. Вие поднесовте 2000 амандмани за законот за државјанство. Ако сакам и три часа ќе зборувам, три месеци ми тупите тука. Цел ден ми тупите со медиумите. 101 пратеник се потпишани, влезете да се донесат одлуките и работете”, изјави Џафери.