Мистерија: Нешто ја труе крвта кај заразените со ковид-19

– Тоа што го гледаме во крвните слики ни дава еден вид насетување што покажува дека се случува некаков силен воспалителен процес во организмот. Но најчудно е кај оние тешки случаи на ковид-19 што имаат силно задушување, пад на железото под нормала, ако е од 7 до 29, пациентите имаат четворка железо. Ние не знаме што е тоа што предизвикува да падне хемоглобинот во крвта.

Значи, кај сите има една линија што сигнализира дека нешто се случува, дека нешто прави депресија на коскената срцевина. Тука ми беше мене првиот аларм, немаат никакво крвавење, крвни подливи, жени што се во климакс немаат менструално крвавење, мажи што немаат никакви крвавења од никаде, индикативно е во крвната слика ЦРП е високо, седиментацијата е висока и ниски леукоцити, под нормалата, околу четири и нешто, значи не станува збор за бактерии.

Ние сме гледале дали леукоцитите се покачени или лимфоцитите се покачени. Но овде немате покачени ни лимфоцити ни леукоцити. Ако е вирус, треба да има 70 или 80 лимфоцити во однос на тоа што сме лекувале со години. Но кај сите тие имаме високи Д-димери, од три до четири илјади. Така што сето ова, од нашите многугодишни работни искуства, нѐ наведува да се сомневаме дека се случува нешто што го напаѓа организмот и тоа е нешто токсично.

Нешто прави интерваскуларни коагулации, нешто прави депресија на коскената срцевина. Она што го гледаме сите матични е исклучиво на потешките случаи од ковид-19. Ова е ретроспектива од последниве 365 дена. Се јавуваат страшни анемии кај добро ухранети мажи, кај добро ухранети жени. Како може на човек за една недела да му падне толку железо – вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, специјалистка по семејна медицина, претседателка на Здружението на приватни лекари, во тексотоt што го објавува Нова Македонија.

Целиот текст за оваа медицинска мистерија на овој линк.