Др. Миливојевиќ сурово искрен: Не можете да лудувате до 35-тата, па да очекувате принц на бел коњ

Доктор Зоран Миливојевиќ предизвикал вистинска бура на социјалните мрежи поради ставот за девојките кои го чекаат идеалниот партнер за брак

Ви ја пренесуваме неговата приказна за факторите што влијаат врз нормалниот раст и развој и тезата за тоа што ја прави една личност позрела од друга во емоционална смила.

„Многу возрасни луѓе, особено помладите, одбиваат да пораснат и се водат според детските фантазии за идеална љубов, која ќе им се случи тогаш кога ќе го најдат својот идеален партнер.

Очекуваат дека дури откако ќе го најдат својот идеален партнер, ќе ја пронајдат својата среќа. Често, ваквите луѓе се наоѓаат на слепа улица на емоционалното созревање, а тоа најчесто се оние луѓе кои во детството биле премногу заштитени. Таквите луѓе имале удобно детство и сите околу нив се труделе да им угодат на сите можни начини“, наведува докторот.

Докторот смета дека идентификацијата е многу важен процес на растење, кога децата се огледуваат на своите родители:

„Кај нас тоа веќе 50 години наназад не функционира, девојките не сакаат да личат на своите мајки од причина што најчесто ги гледаат како жртви. Нивните мајки имаат многу обврски и многу работат, па тие заклучуваат дека нивните мајки се жртви и одлучуваат дека не сакаат и тие да бидат такви. Таквите девојки, како што растат, попрво одбираат да бидат како татковците, да гледаат телевизија, да читаат весници и да не се занимаваат со женски работи.“

На тој начин, нагласува докторот, тие го блокираат созревањето, а истовремено стареат:

„Нивното тело старее, а психичкото и емоционално созревање изостанува. За жените најдоброто време да станат мајки и да родат дете е околу нивната 24-та година, но жените честопати почнуваат да размислуваат за тоа дури околу својата 34-та година. Нивните мајки прават голема грешка и ги советуваат да ‘проживеат’, да го видат светот, па дури потоа да се омажат и да имаат деца.“

Пораката што направила вистинска бура на социјалните мрежи им е упатена на девојките кои „не се смириле“ до одредени години од животот: