Уапсени шестмина мигранти, кај едниот од нив пронајден пиштол

Кумановската полиција уапси шестмина мигранти во липковското село Ваксинце, кај еден од нив бил пронајден пиштол со неколку куршуми.

„Денеска во 18:30 часот во село Ваксинце по претходно добиени оперативни сознанија од страна на Одделот за криминалистичка полиција Куманово биле приведени шестмина мигранти од Пакистан. По извршената контрола кај лицето М.Р.(33) од Пакистан бил пронајден еден пиштол со неколку куршуми“, соопшти СВР Куманово.

Сите лица се приведени за понатамошна постапка.