Полицаец фатен за врат при апсење пред „Силбо“ во Скопје

На снимка која се прошири на социјалните мрежи може да се види како неколку полицајци додека апселе луѓе пред пекарата „Силбо“ на булевар „Партизански одреди“ прво се вербално, па физички нападнати.

Пред настанот да се развие во физичка пресметка, може да се слушне како едно од лицата вика: „Ајде бе удри ме, ајде“, а лицето кое снима дофрла: „Остај нека те удри. Ако бе, ќе оди во дисциплинска“.

Потоа лицето го фаќа полицаецот за врат, при што се вклучуваат и останатите присутни. Лицата на крајот се уапсени, но продолжуваат да даваат отпор и да кажуваат навреди.