Уапсени „Недопирливиот Папа” и неговиот брат во Кичево (ВИДЕО)

Уапсените се браќа од Кичево важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои биле уапсени на булевар во центарот на градот. Ариф е бивш полицаец кој во 2017 та бил избркан од МВР поради користење на хероин, пренесува порталот Медиа.мк.

Порталот Медиа.мк објави ексклузивна снимка од акцијата за апсење на двајца моќници од Кичево. Според нашите информации полицијата е во сериозна борба за сузбивање на криминалот во државата.

Погледнете ја акцијата од апсењетео:

За акцијата со официјална информација излезе и МВР.

На 19.09.2020 Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ во соработка со Одделот за специјални полициски операции и полициски службеници од СВР Охрид – ОВР Кичево, во рамки на оперативната акција, чија цел е ставање на крај на трговијата со наркотични дроги, преземаа мерки и активности за лишување од слобода на дилери на подрачјето на Кичево.

Имено, во вечерните часови во центарот на Кичево е запрено патничко возило „ауди“, управувано од С.А., каде како совозач бил неговиот брат А.А., а при извршениот преглед над нив и во возилото, пронајдени се пакувања со марихуана, пари и нож.

По претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во нивниот дом во Кичево, при што се пронајдени кокаин, хероин, марихуана, вага за мерење и големи износи на парични средства, за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.

Покрај ова, против С.А. и А.А. во изминатиот период се поднесени бројни кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство и Судот, поради агресивно и насилно однесување, загрозување на сигурност и упатување на сериозни закани по граѓани и полициски службеници и нивните семејства, но завршиле без исход.

Против С.А. и А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215, со предлог за определување на мерка притвор.