Босанците мака мачат со мигрантите, прават надчовечки напори да ги одбранат своите деца и огништа од нив (ВИДЕО)

Мигранти сместени во босанскиот камп ,,Липа“, вчера направија нереди и хаос во кампот, а полицијата ја гаѓаа со камења.

Цела ноќ беше обезбедуван кампот од бројни полициски сили.

Напливот на мигранти во Босна и Херцеговина дополнително ја отежнува ситуацијата со нерешениот статус на илјадници мигранти, кои се заглавени по камповите. Тие сакаат во ЕУ, но Хрватска не дозволува да пријадат до нејзините граници.

Локалното население нема трпение, и секојдневно протестираат против присуство на мигранти во нивна близина.

Поради честите напади врз децата, жените и нивните огништа мештаните во Унско Санскиот кантон оставени сами на себе почнаа да се самооргнизираат за да се одбранат. Тие најавија дека нема да ги пуштат децата на училиште доколку не се реши проблемот со мигрантите.